Кумановец приведен поради незаконско чување на диво животно

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен во текот на вчерашниот ден под сомнение за незаконско чување на диво животно.

Loading...

– На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава.

Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување, велат од полицијата.

Иако не е посочено во соопштението на полицијата, се претпоставува дека приведувањето се однесува на сопственик на едно од малите лавчиња чии фотографии протекоа во јавноста, а за кои пишуваа дел од медиумите.

 

 

Loading...

Никола Ивановски