Српските веселби поради голема количина позитивна енергија, а и многу алкохол, понекогаш може да се класифицираат како „верувале или не“ поради настаните што се случуваат пред вашите очи, бидејќи едноставно не може да се поверува во она што некој го прави пред вас.
Loading...
Токму едно такво видео се појави на социјалните мрежи, а главна sвезда е постар човек кој подигна дури три гајби пиво во забите на веселба под шатор.
Со музика, храна и пијалок, на задоволство на другите гости на забавата, еден човек држи две гајби пиво во забите. Бидејќи тоа не беше доволно товар за него, одлучи да ја испроба среќата со три, што на крајот му успеа.