Почетокот на есента подразбира нестабилно време, наизменично се топли и студени денови, и овие температурни разлики не одговараат на никого, особено на хроничните пациенти.
Најмногу се погодени пациентите со кардиоваскуларни проблеми, а овие чести промени на атмосферскиот притисок влијаат на осцилациите на крвниот притисок не само кај срцевите пациенти, туку и кај здравите луѓе, пишува Мондо.
Луѓето кои земаат лекови поради проблеми со хипертензија, треба да се консултираат со матичниот лекар за можна промена во терапијата. Оние кои немаат хроничен проблем со висок крвен притисок, обично се свртуваат на билни препарати.

Во народната медицина, постојат неколку домашни „лекови“ кои помагаат при овие заболувања, храна и пијалаци кои го намалуваат крвниот притисок, а Русите веќе долго време користат антички рецепт за да помогнат во овој проблем.
Состојки
5 лажички свежи борови иглички
2 лажички дива шипинка
2 лажички кршен кромид (кора од црвен кромид)

Подготовка
Измешајте ги состојките, па прелијте ги со литар ладна вода. Варете додека не зоврие, потоа намалете ја температурата и оставете да се вари уште 10 минути.
Тргнете го од оган и оставете да се излади, а потоа истурете повеќе ладна вода за да направите вкупно литар пијалак. Процедете. Оваа количина е за два дена, треба да пиете литар пијалак дневно.
Земете го овој народен „лек“ додека не се стабилизира крвниот притисок, препорака е неколку месеци. Русите велат дека кога се зема постојано четири месеци, ефектот трае неколку години.
Овој народен лек, освен што помага за намалување на крвниот притисок, ги чисти и цревата и црниот дроб.
Секако пред да испробате било што, консултирајте се со вашиот матичен лекар.

