Авион се заглави под мост на автопат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видеата на кои се гледа како авион на „Ер Индија“  езаглавен под мост на автопат во Њу Делхи брзо се прошириле  на интернет.

Loading...

Новинар од индиската новинска агенција АНИ News споделил видео на Твитер, на кое се гледа како огромен авион е заглавен речиси точно на половина пат под мостот, додека има густ сообраќај наоколу и возилата го заобиколуваат.

 

 

Сепак, ова не е резултат на обид да се „лета под мостот“ како што мислеа многумина. Авионот во тоа време не бил во употреба, додава новинарката Ашоке Рај.

Авионот заглавил под пешачкиот мост додека патувал на автопатот Делхи-Гуруграм, недалеку од меѓународниот аеродром Индира Ганди во главниот град на земјата, пишува Times of India.

Авионот бил надвор од употреба и бил продаден во моментот на инцидентот, се наведува во соопштението на Ер Индија.

Loading...

„Ова е стар, истрошен авион што веќе го продадовме“, рече портпаролот на компанијата. „Немаме дополнителни информации бидејќи се поврзани со лицето на кое е продадено“, се додава.

Авионот, како што наведоа, бил преземен од купувачот во саботата, ден пред овој инцидент.