Момче фати риба, но алигаторот му ги украде „пленот“ и јадицата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Седумгодишното момче Досон ловело риби, заедно со неговиот татко Шон Мекмахон, на Палм брегот во Флорида, кога се случила необична ситуација.Имено, момчето остана без улов, но и без прачката.

Loading...

Како што може да се види на видеото, детето фатило риба и било видно возбудено. Меѓутоа, кога ја извлекол од водата, настанало изненадување. Алигатор излегол од водата по рибата и му го „украде“ неговиот улов, а со рибата го повлекол  риболовниот стап.

МекМахон го објавил видеото на Фејсбук, кое станало вирално за кратко време.