Еден човек од Индонезија по име Коирул Анам ја доживеа својата 15-минутна интернет слава, или како што е популарно кажано – стана вирален.
Причина? Се ожени со Рајс Кукер (кујнски апарат што готви ориз).
Овој човек од Јава објави слики од неговата венчавка на Фејсбук. Младоженецот бил облечен во традиционално бело одело, а неговата „електрична драга“ имала бел превез.
Младоженецот објасни зошто се ожени со Рајс Кукер во објава на Фејсбук.
– Таа е бела, сакана и послушна. Без неа, мојот ориз никогаш не би бил сварен – пишува Коирул.
Меѓутоа, 4 дена по венчавката, тој на истата социјална мрежа објави дека се разведува затоа што таа готви само ориз.
– Тоа е моја одлука, донесена со голема тешкотија, но како е така е, нема идеален партнер – вели тој.
Индија Тудеј наведува дека овој млад човек е познат по честите шеги што ги прави за да ги забавува своите следбеници на мрежите, а овој пат успеа во тоа бидејќи неговата приказна ја пренесоа сите светски медиуми.