НАЈСЛАТКОТО НЕШТО ЗА ДЕНЕСКА: Оваа куче изгледа како секогаш да се смее (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мешана раса на чивава, малиот Јаспер, живее во засолништето за животни Фронт Стрит во Сакраменто, Калифорнија. Иако ова кутре од четири килограми кое секогаш изгледа како да е весело, неговата насмевка, која не ја трга од лицето, всушност е резултат на ретка состојба, односно постојани грчеви во мускулите.

Loading...

Јаспер постојано се грчи и исто така страда од проблеми со бубрезите.

 

 

„Јаспер има непозната состојба што влијае на неговите нерви на лицето, правејќи го постојано да изгледа како да се смее“, стои во описот што го споделило засолништето на Фејсбук.

Иако сакаат да му обезбедат квалитетен живот, третманот на Јаспер е скап. Тие собираат донации за сите кучиња на кои им е потребна медицинска нега, но се надеваат дека Јаспер ќе најде сакан дом.

„Одлично се сложува со другите животни и ги сака сите што ги среќава“, додаваат тие.

Loading...

 

 

Иако Јаспер изгледа среќен, тој сигурно не се чувствува така додека нема свој дом и сопственици кои ќе му бидат посветени.

Се проценува дека лекувањето на невролошките проблеми кои се можна причина за оваа состојба може да достигне сума од 4.000 долари.

 

 

Loading...