Редок случај во БиХ: Бебе старо девет дена позитивно на ковид

Сподели со своите пријатели

Присуството на коронавирус било потврдено кај новороденче старо само девет дена во Јајце, објави болницата во централниот дел на Босна и Херцеговина.

Loading...

Мајката одлучила да се тестира за коронавирус откако член на семејството се заразил со ковид.

„Од грижа за бебето, мајката ја контактираше нашата институција каде што го тестиравме детето со брз антиген тест, кој исто така беше позитивен, и двајцата се упатени во болница во Травник“, се вели во соопштението од болницата Јајце.

Според локалните медиуми, здравствената состојба на бебето и мајката е задоволителна.

Случаите на инфекција со САРС-КоВ-2 кај доенчиња помали од една година се многу ретки.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, инфекција со коронавирус е потврдена кај 218 лица, додека 13 пациенти починале.