Какви се нуспојавите по третата доза вакцина против коронавирусот?

Сподели со своите пријатели

СПОРЕД новиот прелиминарен извештај на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC), во кој беа следени 306 луѓе кои ја примиле третата доза на вакцината „Ковид-19“ на Фајзер, несаканите ефекти по третата доза биле многу слични со оние по втората.

Најчестите несакани ефекти кај вакцинираните биле замор, главоболка и болка во раката на местото на инјектирање. Овие симптоми обично траат еден или два дена.

Дополнителни вообичаени несакани ефекти биле замор во мускулите или зглобовите и треска. Отечени лимфни јазли на пазувите биле почесто присутни по третата отколку по примарната серија од две дози, според ФДА.

 

 

„Граѓаните добро ја поднесуваат дополнителната доза“

Директорката на CDC Рошел Валенски рече дека извештајот покажува дека „граѓаните добро ја толерираат“ дополнителната доза.

„Фреквенцијата и видот на несакани ефекти беа слични на оние по втората доза на вакцината и беа главно благи или умерени и краткотрајни“, додаде Валенски, пишува The ​​Hill.

Хоспитализирани 0,1%

Во извештајот се споменува и преглед на сведоштва на 22.191 корисници на апликацијата v-safe, кои успеале да пријават несакани ефекти преку неа, откако добиле дополнителна доза од вакцината.

 

 

Повеќето од нив (97,6%) пријавиле дека ја добиле третата доза од истиот производител на вакцини како и во првите две дози.

Најчестите несакани ефекти кај вакцинираните биле замор (56%), главоболка (43%) и болка во раката на местото на инјектирање (71%).

Меѓу 22.191 кои ја примиле третата доза, 31,8% пријавиле дека вакцинацијата влијае на нивното физичко здравје, а приближно 28,3% изјавиле дека не можат да вршат нормални секојдневни активности, што обично се случува следниот ден по вакцинацијата.

1,8% од нив побарале медицинска нега, а 0,1% биле хоспитализирани.