Прасето се спријатели со куче со посебни потреби, погледнете како се играат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кучето Вини се нашло на фармата на Шарлот кога имало само шест недели бидејќи семејството со кое бил не можело да се грижи за него. Имено, Вини нема правилно развиени предни нозе или градната коска, што значи дека неговите бели дробови и срце не се соодветно заштитени и ќе му требаат неколку операции на градите.

Loading...

„Во моментов, главниот проблем е што морам да го ограничам она што тој го прави, бидејќи постои ризик нешто да му се случи“, изјави Лорен Едвардс од фармата на Шарлот.

Вини играше со други кучиња, но тие се премногу груби, па затоа е ризично. Но, тој најде нов пријател за играње – прасето Вилма.

 

 

Вилма дојде на фармата откако ја најдоа како сама скита надвор.Мислат дека таа скокнала од камион за добиток и побегнала.

„Таа е симпатична, но и дрска. Ако ја земеш, таа вика многу силно, сигурна сум дека ја слушаат преку улица”, рекол Едвардс.

Loading...

Од првиот ден кога Вилма дојде на фармата, се спријатели со Вини. За неколку минути тие веќе почнаа да играат. Вилма не е толку груба како другите кучиња, затоа Вини е побезбеден да си игра и секогаш го следи по фармата за да види дека Вини е сосема безбеден. Вилма беше токму она што му требаше на Вини.

„Се дружат постојано. Додека таа бара бубачки надвор, тој седи до неа и ја гледа. Луѓето сакаат да ги гледаат заедно”, рекол Едвардс.