Само за најбогатите: Тост од 3 милиони долари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најскапиот тост во светот бил претставен на Неделата на уметноста во Берлин – скулптура  од злато вредна дури три милиони долари!

Loading...

Авторот на ова дело, Тим Бенгел,го  искористл вистинскиот  тост од авокадо како шаблон и направи 27 три -димензионални модели на поединечни парчиња сендвич – пет парчиња авокадо, пет парчиња домат, десет листови рукола, пет прстени кромид и две половини печиво.

Потоа секое парче го истурил  во 18-каратно злато и повторно го составил сендвичот. Скулптурата тежи малку повеќе од  11 килограми, а германската галерија „Ротер“, преку која се организира продажбата, дизајнираше кутија вредна 47.000 долари за овој златен тост.

Бенгал рече дека овој „тост е статусен симбол на милениумската генерација, што претставува богатство, кондиција, статус и здрав начин на живот“.

Тој го поврза своето уметничко дело со митот за кралот Миди, кој се претворувал  во злато со допир, за на крајот да умре од глад.

Слично се случува и во денешниот турбо -капитализам, кој во својата алчност за профит уништува се – рекол Бенгел, кој се прослави со своите ексцентрични настапи.

За Берлинската недела на уметност, пред две години, тој изгради градина во форма на череп од грмушки и надгробни споменици, а сега неговиот златен тост од Европа наскоро ќе “патува” за САД, на Неделата на уметност во Мајами.

 

Loading...