Просечна личност, која живее нешто повеќе од 70 години, спие една третина од својот живот, но ќе ве изненади колку време во нашите животи „губиме“ на разни други работи…
Loading...
Студија спроведена во САД покажа дека просечно лице поминува скоро 14 години од својот живот на работа, а околу седум години за чистење и одржување на лична хигиена.
Верувале или не, ние поминуваме три години пред ТВ-екранот, две години во телефонски разговори и „губиме“ цела година барајќи изгубени работи!
Поминуваме околу пет години во кујната, подготвувајќи храна и миејќи садови.
Возењето и сообраќајниот метеж ни „крадат“ на помеѓу три и четири години од животот.
Loading...