Триесет и седумгпдишен скопјанец вчеравечер бил приведен во Кокино, откако полицијата му пронашла повеќе видови наркотици.
– На 17.09.2021 во 22.00 часот во с.Кокино, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Н.(37) од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени марихуана, прашкаста материја и семки од растението канабис, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку во Кокино вчеравечер се одржуваше фестивалот „Кокино – Тврдина на сонцето“
Никола Ивановски