Осуден милионерот убиец: Со децении не можеле да го фатат, но само 9 зборови му ја запечатија судбината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поротата во Лос Анџелес го прогласи богатиот Роберт Дурст, познат како „Баксуз“ (Jinx), за убиство со умисла.

Оваа приказна за злосторството ја фасцинираше јавноста во Америка веќе четири децении, и беше снимен документарен филм за случајот, чиј крај ги запрепасти сите – Дурст, кој тврди дека никогаш не одзел ничиј живот, на крајот на филмот отиде во тоалет со микрофон и мислејќи дека не го снимаат повеќе, го признал злосторството.

Дурст беше осуден за убиство на неговата најдобра пријателка Сузан Берман, која исчезна во 2000 година од својот дом во Беверли Хилс само неколку часа пред да треба да сведочи во полиција за исчезнувањето на првата сопруга на Дурст.

 

 

Кетлин МекКормак Дурст последен пат беше видена жива во 1982 година, официјално беше прогласена за мртва дури во 2017 година, и никој никогаш не бил официјално обвинет поради нејзината смрт.

Дурст (78) бил сослушан на суд и рекол дека не ја убил Сузан, туку го пронашол нејзиното тело на подот од спалната соба, со куршум во задниот дел од главата.

„Баксуз“ не бил во судницата кога бил прогласен за виновен, бидејќи неодамна имал ризичен контакт со лице заразено со „Ковид“, а боледува од рак на мочниот меур и е во сериозна здравствена состојба.

Неговиот адвокат, Дик Дегерин, рече дека е разочаран од пресудата и дека не успеал да стапи во контакт со Дурст за да го извести.

Пријателот на Дурст сведочеше дека Роберт му рекол „или таа или јас немаме избор“. Обвинителот тие девет зборови ги нарече „изјава што ја запечати неговата судбина“.

 

 

Дарст беше сензационално уапсен ноќта пред емитувањето на последната епизода од серијата „Jinx“. Во таа епизода, тој отиде во тоалет на сетот не знаејќи дека сѐ уште го снимаат и почна да зборува со себе, без врска.

„Тоа е тоа. Фатен си. Тој беше во право, јас не бев во право. Што по ѓаволите направив? Ги убив сите, се разбира”, рече тој.

Подоцна Дурст се бранеше дека „бил на екстремно голема количина метамфетамин“ на сетот.

Пресудата се очекува кон средината на октомври, а обвинителот бара доживотна казна затвор без можност за помилување. Калифорнија нема смртна казна, потсетува Си – Ен – Ен.

Погледнете го трејлерот за серијата: