Седиштата за автомобили се изработени од исклучително цврсти ткаенини кои можат да издржат тешки товари. Сепак, тие се чувствителни на мрсна храна или чоколадо, па дамките од нив ќе останат …
Прашањето е како да ги отстраните?
Во прилог на специјализирани производи што можете да ги купите во продавници, одговорот можете да го најдете и во сопствената кујна или бања.
Може да се борите против дамките на седиштата со пена за бричење, вода во која ќе додадете малку оцет или, ако не ви се допаѓа тој мирис, малку лимон.
Нанесете пена за бричење на делот од седиштето каде има валкана или масна дамка, почекајте една минута, а потоа добро избришете ја целата површина со сува крпа.
Ако се одлучите за оцет, додадете малку во сад со топла вода. Можете исто така да користите малку течен детергент за миење садови. Лесно натопете го валканиот дел од седиштето, а неколку минути подоцна, покријте го тоа место со крпа што претходно сте ја натопиле само во чиста вода. Неколку минути подоцна, избришете с со сува крпа.
Истото важи и за сок од лимон, кој можете да го користите наместо оцет.
Меѓутоа, ако овие “магии” не го решат вашиот проблем, ќе мора да купите специјализирана алатка или да го однесете автомобилот на професионално чистење.