Дали можете да чувате тајна? Ламборџини најавува нов автомобил! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ламборџини објави видео кое ги заинтригира сите.

Loading...

Иако видеото не го прикажува автомобилот, многумина ја препознаа големата можност дека се работи за специјален Countach, прототип LP500 кој беше претставен во 1971 година во Женева.

Сега, по повод неговиот 50 -ти роденден, може да се обнови или барем да се направи нова копија. Во прилог на оваа теза се деталите за ентериерот од видеото кои јасно укажуваат токму на тој автомобил.

Според достапните информации, прототипот бил уништен во 1974 година при тест за судир, а потоа се губат сите траги од него. Поточно, неговите остатоци.

На крајот од видеото, Ламборџини вели: “Тој изгради патека кон иднината пред 50 години. Сега тој повторно се враќа на пат”.