Порака во шише од Јапонија пронајдена на Хаваите по 37 години: Вратени спомените од училишните денови

Сподели со своите пријатели

На Хаваи е пронајдено стаклено шише со порака, кое го пуштиле средношколци во Јапонија пред 37 години.

Loading...

Учениците од гимназијата Чоси, во источната префектура Чиба, го пуштиле шишето во 1984 година, како дел од проектот за истражување на океанските струи, пишува Гардијан.

Вкупно околу 750 шишиња биле пуштени во океанот во текот на 1984 и 1985 година, објавува јапонскиот весник Маничи.

 

 

Шише беше пронајдено во југозападната префектура Кагошима во 2002 година, а во јуни, деветгодишното девојче, Аби Греам, го најде шишето на плажа на Хаваи, речиси 6.000 километри од Јапонија.

Пораката содржела контакт на јапонски, англиски и португалски јазик и објаснување дека шишето е пуштено во близина на брегот на Чоши и барање пронаоѓачот да контактира со училиштето.

Loading...

„Не ни сонувавме дека некој ќе најде повеќе шишиња по 37 години“.

Во почетокот на септември, Аби ги испратила своите информации за контакт до гимназијата Чоши заедно со цртежот на неа и нејзината сестра како јадат суши.

 

 

– Не ни сонувавме дека некој друг ќе најде друго шише по 37 години – рече заменик -директорот на училиштето, Јун Хајаши.

Од 1985 година, шишиња се пронајдени на 17 локации, вклучувајќи ги Окинава, Филипините, Кина и западниот брег на Соединетите држави.

Маиуми Канда (54), поранешна ученичка на училиштето Чоси, која учествувала во проектот за пуштање шишиња во океанот, рече дека е изненадена и дека се разбудиле нејзините спомени за средношколските денови.

Loading...