Таа е најдобро облечена жена во светот: Ги помера модните граници, носи она што никој друг не сака да го носи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Популарната пејачка Лејди Гага е најдобро облечената личност во 2021 година, според списанието „Пипл“. Имено, Гага го предводеше скалилото на најдобро облечените славни личности, имајќи предвид дека и без црвени теписи, секогаш имаше совршени и импресивни стајлинзи.

Loading...

Лејди Гага е наречена икона, и сите знаеме зошто. Слободно можеме да кажеме дека таа ги помести границите, го носеше она што малкумина ќе се осмелат и постави нови трендови.

 

 

Недостатокот на настани и црвени теписи не ја спречи пејачката да го подигне својот стил на високо ниво. Во последно време можевме да ја видиме во поелегантни изданија, па денес Гага важи за најдобро облечена славна личност оваа година.

Списанието го пофали нејзиниот моден вкус, кој, како што велат, се движеше од „скулпторски памучен фустан до црн фустан со чипка корсет“.

 

Loading...

 

Сигурно не смееме да ја заборавиме нејзината колекција на највисоки потпетици во светот и ретро очила за сонце, кои се нејзин заштитен знак долго време.

Покрај Гага, на листата на најдобро обучени sвезди се и Зендаја, пејачката Х.Е.Р., Вајола Дејвис, Лесли Одом Џуниор, Ања Тејлор-Џој, Синтија Ериво, Регина Хол.