На затворениците кои издржуваат доживотни затворски казни во данските затвори ќе им биде забранет влез во нови романтични врски со цел да се спречи феноменот на „обожавателки на криминалци“.
Според Би -Би -Си, данската влада воведе нов закон со кој ќе се ограничи затворениците кои издржуваат доживотен затвор да контактираат само со оние со кои биле блиски во првите 10 години од казната.
Законот, наводно, следел по откритието дека 17-годишна девојка се заљубила во убиецот на Питер Мадсен, осуден за бруталното убиство на младата новинарка Ким Вал на неговата подморница, откако таа се качила да го интервјуира на 10 август 2017 година…
Мадсен подоцна го распарчи нејзиното тело и го фрли во морето, а тој беше осуден на доживотен затвор во 2018 година.
Камила Курштајн призна дека се заљубила во Медсен откако разменила писма и разговарала по телефон со него, што траело две години.
Данскиот министер за правда, Ник Хакеруп, во изјава рече дека таквите односи „очигледно мора да престанат“ и додаде дека осудените криминалци „не треба да можат да ги користат затворите како центри за состаноци или медиумски платформи за да се фалат со своите злосторства“.
– Видовме одвратни примери во последните години дека затворениците кои извршиле грозоморни злосторства контактирале со младите луѓе со цел да ја добијат нивната симпатија и внимание – додаде тој.
Се очекува новиот закон да стапи на сила на почетокот на следната година.