Долгометражниот филм „ТМ“ во понеделник ќе биде прикажан во НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Долгометражниот филм „ТМ` во понеделник (20 септември 2021) ќе биде прикажан во НУЦК „Tрајко Прокопиев” – Куманово, со почеток во 19:30 часот.

Loading...

 

 

„ТМ“ е снимен е според сценарио и режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, и е нивен втор долгометражен филм, по првиот „Копање“ од 2018 година.

 

 

Loading...

Во главни улоги се Ивица Димитријевиќ и Наталија Теодосиева, а улоги толкуваат и Гораст Цветковски, Димитрија Доксевски, Александар Ѓоргиески, Драгана Костадиновска, Џано Куч, Срѓан Јаниќијевиќ, Александар Степанулески, Сашо Алексиевски, Марко Крстевски и Владица Младеновски.

 

 

Филмот трае 60 минути, а влезот ќе биде со донација на врата.

Влез и присуство во салата ќе биде согласно важечки здравствени протоколи за настани во затворено.

 

Loading...

 

Организатор на проекцијата е Wire Entertainment (Ваер Ентертејнмент) од Куманово.

 

 

Интегрално соопштение