Една девојка на TikTok откри како се чувствувала кога дознала за прељубата на нејзиниот татко, но тоа не било се.
Имено, тој ја изневерил нејзината мајка со најдобрата пријателка на неговата ќерка, пренесува Мирор.
Во видеото, Дијана објасни како нејзиното семејство имало ресторан во кој работела за време на средното училиште, заедно со својата поранешна најдобра пријателка Гречен.
„Немав многу можности да се дружам освен на работа, што објаснува зошто таа беше една од моите најдобри пријателки иако беше три години постара од мене. Јас и Гречен бевме многу блиски затоа што работевме заедно цело време. Еден момент помислив дека е вљубена во мене и ја одбив, па таа одлучила да си ја проба среќата со татко ми“, објасни 23-годишната ТикТокерка.
Нејзината мајка дознала за прељубата, но таа немала поим која е другата жена.
@diana.j.tReply to @alanakikyo humor is my coping mechanism <3 #36SecondsOfLightWork♬ original sound – diana.j.t
„Знаев дека татко ми ја изневерува мајка ми пред да дознаам со кого . Мајка ми беше првата што дозна и го натерала да ни каже што прави”, додала Дијана.
По некое време, таа забележала очигледни знаци и сфатила дека нејзиниот татко е во врска со нејзината најдобра другарка.
„Мајка ми дојде на работа и почна да вика по тој лудак пред целиот ресторан. И покрај нејзините напори, прељубниците секогаш изневеруваат па и после тоа продолжија да се гледаат”, вели оваа тик-токерка.
Дијана потоа покажа фотографија од нејзината мајка и рече: „Можеш да бидеш убава, но ако сакаат да изневеруваат, тогаш сакаат да изневеруваат“.
На крајот, таа потврди дека оваа бизарна приказна сепак има среќен крај. Имено, нејзината мајка се премажила и таа никогаш не била посреќна.
@diana.j.tWe’re cool now I guess #retirement #dadsoftiktok #dadlife #dads #storytime #retirementhome #fyp