„Ништо не се плаќа толку скапо во животот како болеста и глупоста“

Сподели со своите пријатели

Никој не направил повеќе за соништата од австрискиот невролог и психијатар Сигмунд Фројд. Иако е познат како основоположник на психоанализата, неговиот живот и дело се поврзани со бројни, убави и помалку убави, интересни работи како што се употребата на кучињата во процесот на терапија, создавање на една од улогите на Чарли Чаплин, но и флертување со кокаин.

Loading...

Поминаа 82 години од смртта на австрискиот лекар и психијатар, основачот на психоанализата, Зигмунд Фројд. Роден е на 6 мај 1856 година во Прибор во Моравија, а се школувал во Виена каде студирал медицина.

За време на неговата долга и плодна работа во областа на психијатријата и психоанализата, Фројд напишал неколку научни трудови, публикации и книги, што значително придонело за науката и подобро познавање на човечката психа, однесување, импулси, но и суштината на самиот живот.

Многу е тешко да се издвојат неговите најголеми мудрости и тези што можат да се вградат во животот на современиот човек, не затоа што не припаѓаат на ова време, туку напротив, затоа што можат да се применат на денешниот човек, а постојат многу што се важни.

За вас ги издвоивме оние што (скромно) ги сметавме за најважни:

1. Колку човек е беспрекорен однадвор, толку повеќе демони има внатре…

2. Не се избираме едни со други случајно… Се среќаваме само со оние кои веќе постојат во нашата потсвест.

3. За жал, потиснатите емоции не умираат. Принудени се да молчат. И однатре, тие продолжуваат да влијаат врз човекот.

Loading...

4. Задачата за создавање среќен човек не влезе во планот за создавање на светот.

5. Доаѓаме на свет сами и сами го напуштаме.

6. Оние што сакаат многу – запознале жени, кои сакаат една – ја запознале љубовта.

7. Постојано барате сила и поддршка однадвор, и треба да ги барате во себе. Тие отсекогаш биле таму.

8. Повеќето луѓе во суштина не сакаат слобода, бидејќи тоа подразбира одговорност, а одговорноста ги плаши повеќето луѓе.

9. Неработниците ретко доаѓаат да посетат работник – мувите не летаат кон садот што врие.

10. Во средниот век ќе ме изгореа, сега ми ги палат само книгите.

11. Понекогаш цигарата е само цигара.

Loading...

12. Љубовта и работата се камен – темелник на нашата човечност.

13. Зависта е деструктивна.

14. Не секогаш сме лишени од грешки, за кои се смееме на другите.

15. Нема ништо поскапо од болеста и нејзиното игнорирање.

16. Масите никогаш не ја знаеја жедта за вистина. Ним им се потребни илузии, без кои не можат да живеат.

17. Сексуалното отстапување може да се смета за единствено отсуство на секс, се друго е прашање на вкус.

18. Ништо не се плаќа толку скапо во животот како болеста и глупоста.

19. Првиот човек што фрлил навреда наместо камен бил творецот на цивилизацијата.

Loading...

20. Првиот знак на глупост е целосно отсуство на срам.

21. Толкувањето на соништата е кралскиот пат до несвесното.

22. Секој човек има желби, кои не им ги кажува на другите, и желби, кои дури и самиот не си ги признава.

23. Карактеристично за човекот е да го цени и сака најмногу она што не може да го постигне.

24. Единствената личност со која треба да се споредувате е вие во минатото. И единствената личност од која треба да бидете подобри – тоа сте вие сега.