Замислете како лекарите ви велат дека сте бремени, а знаете дека сте немале сексуални односи повеќе од една година?
Звучи невозможно, но токму тоа ѝ се случило на Саманта Гибсон, која ја сподели својата приказна на TikTok.
„Отидов на лекар да вадам крв и ми рекоа дека сум бремена, иако немав односи повеќе од една година“, вели Саманта.
Нејзиното видео имаше повеќе од милион прегледи на социјалните мрежи, а луѓето беа навистина изненадени од оваа нејзина приказна.
„Отидов на лекар затоа што имав вртоглавица и болки во стомакот, чувствував убод во стомакот два до три пати неделно. Кога заминав, болката беше толку голема што не можев да одам или да се движам”.
Откривајќи дека сѐ уште не ја знаела причината за болката, Саманта рече дека ѝ ја зеле крвта во болница, а потоа ѝ се јавиле и ѝ рекле дека е бремена.
– Реков „Не сум бремена, буквално немав односи една или две години, тоа е невозможно!“ Ми дадоа да направам тест за бременост, оној на кој се уринира, и кога резултатот беше негативен, тие рекоа дека ќе ми извадат повторно крв, за секој случај“.
После тоа, оваа девојка повторно отишла на лекар, ѝ ја зеле крвта и никој од докторите никогаш повеќе не ѝ се јавил – „но јас не сум бремена, од тогаш поминаа неколку месеци“, додава таа.
„Претпоставувам дека ги измешале примероците од крвта или нешто друго затоа што не сум бремена и треба повторно да одам на лекар бидејќи сѐ уште имам убодна болка во стомакот“, вели таа во видеото.
Многумина беа изненадени од овој настан и ги споделија своите реакции.
„Ќе имав срцев удар ако ми се случеше тоа. Се надевам дека лекарите ќе одредат што е проблемот”, напишала една девојка, а други се обиделе да ѝ помогнат да го дијагностицира проблемот, велејќи дека тоа може да е синдром на полицистични јајници или ендометриоза.
@gibson_sammiSorry I’m not the next Mary😭##fypシ ##xyzabc ##trending ##viral ##storytime