Хо Ван Ланг почина од рак минатата недела, а веста го обиколи светот дека вистинскиот Тарзан на нашето време почина.
Хо Ван Ланг избегал во дивината со својот татко во далечната 1972 година, кога започнало американското бомбардирање на Виетнам за време на граѓанската војна во која било убиено целото негово семејство.
Кога двајцата повторно воспоставија контакт со цивилизацијата во 2013 година, верувале дека војната сѐ уште беснее. Дошле во едно село и побарале медицинска помош за таткото на Ланг, Хо Ван Тан.
По 2013 година, Ланг започнал да живее релативно модерен начин на живот, но пријателите верувале дека стресот и лошата исхрана во современото општество имаат лош ефект врз неговото здравје.
Неговиот пријател, Алваро, рече дека „модерниот“ живот имал фатални последици за Ланг откако почнал да јаде преработена храна, а понекогаш и да пие алкохол.
Таткото и синот живееле во џунглата со децении, откако биле забележани од селаните додека барале огревно дрво.
Двајцата носеле, т.е. биле облечени во специјална облека изработена од кора од дрво, живееле во колиба што ја изградиле која била направена 5 метри над земјата.
Се хранеле со уловен дивеч и овошје, и саделе пченка. Хо Ван Тан го знаел локалниот јазик, додека Ланг знаел само неколку зборови.
Кога дрвосечачите виделе двајца мажи во далечината како се однесуваат чудно, ги пријавиле кај локалните власти. Веднаш бил формиран тим, кој ги пронајде во август 2013 година, по петчасовна потрага.
Лагн се врати да живее во семејниот дом во 2016 година.
Неговиот пријател Алваро, кој исто така сними документарен филм за Ланг, рече:
„Тој беше најфасцинантната личност што сум ја сретнал. Сакав да научам нешто ново за опстанокот во џунгла, па Ланг ме одведе во колиба каде што живеел 40 години. Додека ние преживувавме во џунглата, се што правев со часови, тој можеше да заврши за неколку секунди. Беше мало дете со вештини за супер човек”.