Двегодишни близнаци од Романија починале откако паднале од 10-тиот кат од зградата, додека нивната мајка наводно била во живо на Фејсбук.
Близнаците Мојс Кристијан Петриче и Беатрис Ерик Петриче останале мртви на самото место. Тие наводно биле чувани од пријателката на нивната мајка во нивниот дом во градот Плоешти, додека таа разговарала на социјалните мрежи.
За време на преносот во живо, наводно можело да се слушнат звуците на амбулантно возило пред полицијата да тропне на вратата од станот, поради што мајката Андреа Виолета Петриче престанала да снима.
Меѓутоа, кога таа и нејзината пријателка се појавија во ТВ -шоуто по инцидентот на 11 август, имаа различни верзии на настаните.
Андреа тврдеше дека спиела во друга соба со својот најстар син, додека близнаците ги чувала нејзината пријателка, а кога подоцна отишла да ги провери, открила дека исчезнале.
Според неа, нивната обично средена соба била во хаос со превртен мебел и пелени расфрлани низ целата просторија.
Мајката тврди дека прозорецот бил отворен, а душекот на подот, за кој не верува дека близнаците можеле сами да го поместат. Особено затоа што Беатрис не можел да оди добро поради проблеми со десната нога, пренесува рускиот медиум Spy News.
https://youtu.be/kRKTOwg-k4Y
Таа ја обвини својата пријателка дека има врска со смртта на близнаците.
Според Романија Журнал, сведоците наводно рекле дека виделе деца како се качуваат по прозорецот од кој паднале.
Сепак, нејзината пријателка тврди дека таа се грижела за децата исклучително добро, откако нивната мајка и предложила да се грижи за близнаците додека се трудела да стане дадилка.
Андреа, пак, објави видео на „Тикток“ на кое се гледа како става цвеќиња на гробот на близнаците.
Мојс и Беатрис го прославија својот втор роденден еден месец пред нивната ужасна смрт.
Полицијата се уште истражува како настанала трагедијата.
https://youtu.be/LiCeAyk3xio