4 работи што го ослабуваат вашиот имунитет

Сподели со своите пријатели

Добро е да знаеме како да го зајакнеме имунитетот, но подеднакво како да ги избегнеме навиките кои работат спротивно, а ние дури и не сме свесни за тоа. Во денешно време, кога оваа тема е поприсутна од кога било, голем број луѓе исто така имаат послаб имунитет од нивните предци.

Loading...

Сепак, никогаш не е доцна да се информирате и да се обидете да направите некои промени во вашата дневна рутина.

1. Секојдневен стрес

Често слушаме дека стресот е причина за многу здравствени проблеми, но она што е важно да се запамети е дека сеуште е потребна одредена доза стрес. Стресот не охрабрува да бидеме поефикасни, побрзи, поуспешни, не турка напред и придонесува за квалитетот на извршените задачи.

 

 

2. Лоша исхрана

Loading...

Во денешниот брз свет лесно е да се заборави една од најважните работи, а тоа е она што го внесуваме во нашите тела. Брзата храна и алкохолот се штетни и можат да станат навика. Нутритивно избалансираната исхрана и внесувањето што е можно поразновидна храна се од големо значење.

3. Прекумерна чистота

Пред се, треба да се нагласи дека е многу важно да се одржува личната хигиена, и што е најважно да се вклучи редовно миење на рацете во рутината на нас и нашите деца. Сепак, како и за се, чистотата може да се претера. Нашиот имунолошки систем се развива преку изложеност на сите надворешни влијанија, како и вируси и бактерии, кои се насекаде.

 

 

4. Недоволен сон

Оваа ставка може да биде најтешко да се промени, иако на прв поглед можеби не изгледа. Денес, многу е тешко да си дозволите 8 часа сон секој ден. Она што можеме да го смениме е рутина пред спиење, избегнување екрани барем еден час пред спиење и отстрануваме изворите на агресивно осветлување. Вечерна медитација, исто така, помага да се смират умот и телото.

Loading...