Лабрадорот Мајли од Њу Хемпшир сериозно ја загрижи својата сопственичка Шенон.
Шенон забележала дека нешто чудно се случува со Мајли, па ја однела на ветеринар и открила дека изела дива печурка.
„Моето куче изеде дива печурка, а ние само потрошивме 140 долари за да ни кажат дека е надрогирана“, напишала сопственичката на „ТикТок“, каде што објавила снимка од куче што се вози на задното седиште и затруено гледа во прозорецот.
„Таа беше најопуштена досега“, додаде Шенон.
Таа за откри дека забележала дека нешто не е во ред откако Мајли почнала да се однесува бизарно.
“Таа уринираше во кревет наутро, а потоа забележавме дека оди чудно. Беше летаргична, одбиваше храна и бонбони, и не сакаше да прави ништо”.
„Таа беше поспана, но до понеделник се врати во нормала“, истакнува таа.
@shnnsllvnShe’s fine it’s funny now that we know she’s fine #dog #dogownerproblems #becauseigothigh♬ Because I Got High – Afroman