Еден среќен човек од Северна Каролина повторно слави поради добивањето на лотарија.
Тој освои 100.000 долари претходно оваа недела. Тој освоил по еден милион долари во 2017 и 2019 година. Го купил победничкото ливче сите три пати на истото место.
Според државната лотарија во Северна Каролина (NC Education Lottery), Тери Сплон купил билет од 20 долари минатиот понеделник во малиот град Конкорд.
„Значи, беше навистина убаво изненадување за овој ден“, рече среќниот добитник што ја презеде наградата.
Тери си замина дома со речиси 70.800 долари, бидејќи толку останаа откако федералните и државните даноци беа одбиени од добивката од 100.000 долари.
Сепак, „убавото изненадување“ можеби не е соодветен опис за богатото искуство на Тери со игрите на среќа.
Победата оваа недела беше трет џекпот за овој среќен човек во нешто повеќе од четири години. Она што е зачудувачки е што сите добитни билети се купени во истата продавница во Конкорд – „Sam’s Mini Stop“.
Во април 2017 година, Сплон освоил милион долари, како и две години подоцна – во март 2019 година.
„Тоа е неверојатно. Дефинитивно е забавно да се победува “, кратко прокоментира Тери.