Лекарот објасни се за ноктите и зошто темните дамки можат да бидат многу опасни (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ноктите можат да откријат многу за нашето здравје. Д -р Каран Рајан на TikTok објасни што значат овие суптилни знаци, односно промени во бојата или текстурата на ноктот.

“Ако забележите бели дамки како облаци на вашите нокти, тие се нормални, и можат да бидат предизвикани од физичка повреда на ноктот. Но, темна дамка што е долго време на ноктот, што не е предизвикана од повреда, но расте, дефинитивно бара проверка “, рече …

Во ретки случаи, темната дамка може да биде симптом на рак на кожата, вели др. Рајан.

Вдлабнатини може да се појават и на ноктите, за што лекарот тврди дека може да биде знак за псоријаза, егзема или артритис.

“Жолтите нокти може да значат габична инфекција и се последица од пушењето. Ако вашите нокти пукнат, тие се кршливи, тоа може да се должи на недостаток на некои витамини и минерали”, објасни тој, повикувајќи ги луѓето да ги погледнат ноктите и да се консултираат лекар ако се сомневаат во некаква болест.

 

@dr.karanrNails tell you stuff #learnontiktok #schoolwithdrkaran #BurberryTB #nails♬ Pieces (Solo Piano Version) – Danilo Stankovic