Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја прими третата доза вакцина против ковид -19, но ќе почека додека нема доволно достапна вакцина, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, пренесе Ројтерс.
Loading...
На 21 декември минатата година, Бајден ја прими втората доза од вакцината и ги повика Американците да го сторат истото.
Чинот беше пренесен во живо на телевизија, со цел да се убеди американската јавност дека вакцинацијата е безбедна.
Тој ја прими првата доза од вакцината „Фајзер“ во болница, недалеку од неговиот дом во државата Делавер.