Бионтек сака да произведува Фајзер вакцина за деца постари од 5 до 11 години

Сподели со своите пријатели

Германската компанија BioNTech ќе аплицира за одобрување на вакцината против коронавирус, која ја развива заедно со американскиот фармацевтски гигант Pfizer, за употреба кај деца на возраст од 5 до 11 години, изјави извршниот директор Озлем Туречи.

„Во текот на следните недели, ќе ги доставиме резултатите од нашето истражување за деца на возраст од 5 до 11 години до властите ширум светот и ќе аплицираме за одобрување на оваа вакцина за оваа возрасна група и овде во Европа“, рече Туречи во петокот за списанието „Шпигел“.

Таа рече дека компанијата, со седиште во Мајнц, Западна Германија, започна да се подготвува за производство на вакцина за деца, која е иста како и за возрасните, но ќе се дава во помали дози.

BioNTech во моментов ги проценува податоците за помалите деца, на возраст од шест месеци и повеќе, а резултатите ќе бидат презентирани до крајот на годината.