Дознала дека ја замениле во породилиште пред 19 години, сега ја тужи болницата за 2,9 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Тинејџерка од Шпанија, која по речиси 20 години открила дека по грешка е заменета по раѓањето во родилната болницата, одлучила да ја тужи здравствената институција за 2,9 милиони евра.

Loading...

Грешката е утврдена во 2017 година, откако деветнаесетгодишниот татко побарал ДНК тест за време на дискусијата за алиментација, кога било откриено дека таа не е поврзана со семејството со кое пораснала.

Потоа се покажало дека во 2002 година, таа била заменета со друго бебе родено со пет часа разлика во болница во северниот шпански регион Риоха.

Двете бебиња биле сместени во инкубатори бидејќи биле родени со недостаток на тежината.

 

 

Здравствените власти рекоа дека станува збор за случајна човечка грешка и дека ќе ја почитуваат секоја одлука што ќе ја донесе судот.

Loading...

Адвокатот на девојчето, Хозе Саез Морха, вели дека тој поднел тужба во име на неговиот клиент за немерливата емоционална штета предизвикана од грешката на работничката во породилното.

Шефот на здравството на регионот Риоха, Сара Алба, им рече на новинарите дека тоа е човечка грешка и дека не е можно да се утврди кој е точниот виновник.

„Системот во тоа време беше поинаков и не беше компјутеризиран како што е сега“, рече Алба.