Јапонските власти објавија дека вонредната состојба поради корона вирусот во Токио и 18 други области ќе биде продолжена до крајот на септември, бидејќи притисокот врз здравствениот систем е сѐ уште многу висок.
Вонредната состојба, која требаше да трае до недела, за првпат беше воведена во градот Окинава во мај, а потоа постепено се прошири и на други области, изјавија денеска властите.
И покрај долгото времетраење на вонредната состојба, мерките не ги даваат посакуваните резултати бидејќи исцрпените граѓани се повеќе ги игнорираат бидејќи нивната примена е доброволна.
Бројот на нови инфекции беше малку помал претходните денови отколку порано, но бројот на сериозно болни лица е сѐ уште висок, поради што болниците се полни.
Премиерот Јошихиде Суга ги повика граѓаните да продолжат да работат од дома и да ги почитуваат другите мерки за социјално дистанцирање.
Владата на Суга, која објави дека нема повторно да се кандидира за лидер на владејачката партија, што значи дека нема да остане премиер, се соочува со тешки обвинувања дека мерките за коронавирус се воведени предоцна и премалку за да бидат ефективни.
Одржување на Олимписките игри за време на пандемијата и покрај противењето на јавноста.

