Ако осетите непријатен мирис во вашиот ходник што доаѓаат од бројните чевли, имаме одлично решение за вас. Со неколку едноставни трикови, непријатниот мирис ќе стане минато.
Причините зошто вашите чевли шират непријатен мирис може да бидат различни, како што се бактерии, габи, пот или други проблеми со нозете.
Ви носиме три начини како да спречите непријатни мириси да се шират од вашата колекција на чевли.
1. Сода бикарбона
Треба да истурете малку сода бикарбона во чевлите навечер, наутро истурете го вишокот и ќе забележите дека мирисите се неутрализирани.
2. Песок за мачки
Најдете песок за миленичиња или позајмете од вашето домашно милениче и ставете малку во памучен чорап. Ставете по еден чорап во секоја патика или чевли да стои цела ноќ и проблемот ќе се реши до утрото.
3. Замрзнување
Ако ги ставите чевлите во пластична кеса, а потоа и во замрзнувачот, бактериите ќе бидат уништени, и затоа нема да мора да се грижите за мирисот. Оваа постапка, сепак, не треба да се повторува често, бидејќи со текот на времето, гумата на ѓонот ќе почне да се распаѓа.