Научници реконструираа лице на познат фараон, еве како изгледа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мумијата на египетскиот фараон им служеше на научниците да направат веродостојна реконструкција на лицето на египетскиот фараон Рамзес Втори.

Loading...

Египетскиот фараон Рамзес Втори (1303-1213 п.н.е.) е познат по тоа што имал повеќе деца од било кој друг египетски владетел.

Кога починал, тој имаше повеќе од 90 години (просечниот животен век во тоа време бил 30 до 40 години).

Рамзес Втори е познат по тоа што имал над сто синови!

За периодот на златното време на Египет, тој изградил повеќе споменици од било кој од неговите претходници или наследници.

Дошол на престолот на Египет на 25-годишна возраст и заслужено ја добил титулата „Рамзес Велики“, бидејќи ниту еден владетел на Египет пред и после него не изградил толку огромни згради, споменици и храмови.

Мумијата на фараонот ја искористија научниците за да го реконструираат неговото лице со помош на модерна компјутерска технологија.

 

Loading...