Лажеше дека го удрил автомобил: Еве како ја откриле измамата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тој беше уапсен „за фалсификување на  инцидент“.

Американецот Артур Бејтс Јуниор од Луизијана беше уапсен откако лажираше несреќа тврдејќи дека е тешко повреден.

Минатиот петок се јавил во полиција и рекол дека возачот на Тесла го удрил и избегал од местото на несреќата. Тој додаде дека се здобил со повреди во пределот на грбот, нозете и вратот, поради што била повикана брза помош.

Но, полицијата го откри откако ги прегледа снимките од камерата од автомобилот, за кои измамникот не знаел. Тој бел веднаш уапсен.