Првиот училишен ден е важен за секој ученик и 92-годишниот дедо од Бад Херсфелд, Германија, сакал да ја види својата внука.
Меѓутоа, пред тоа, тој случајно завршил на другата страна на Европа.
Пред патувањето, тој ја напишал адресата во уредот за навигација на своето возило, но не видел дека внел погрешна адреса. Наместо кон внуката, се упатил во сосема друга насока.
Наместо да се упати кон југ, каде што куќата на неговиот син е 100 километри, тој се упатил на север и завршил 500 километри подалеку, на брегот на Балтичкото Море.
На пат му пукнала гумата и застанал на пансион во близина на Росток.
Неговиот син тргнал во потрага по него и ја известил полицијата за неговото исчезнување.
Газдарицата му се јавила и открила дека неговиот татко е добро и се одмара во една од собите.
Синот дошол кај таткото следниот ден и го зел. Оваа авантура имача среќен крај за 92-годишниот старец, кој сигурно се израдувал кога ја виде внуката, пишува ХАКРевија.