„Паметна маичка“ замена за други уреди што мерат ЕКГ

Сподели со своите пријатели

Група истражувачи развиле нов материјал кој е мек како памук, но цврст како Кевлар. Може да се носи и да се пере како обична облека, така што спортската опрема наскоро може да стане „паметна“.

Loading...

Оваа e замена на за други уреди што мерат ЕКГ

„Јаглеродните наноцевки“ работат слично како жиците во мониторот за електрокардиограм кој ги мери срцевите отчукувања. Овие наносензори може да се сошијат за маичка и да се носат како обичен спортски костум. Таквиот материјал би помогнал како замена за обемни ЕКГ монитори во медицински установи.

 

 

Лабораторијата на Универзитетот Рајс првпат разви јаглеродни наноцевчести влакна во 2013 година. Но, во тоа време, оригиналните навои, широки околу 22 микрони, беа премногу тенки за да се користи стандардна машина за шиење.

За оваа последна итерација, истражувачите соработуваа со производители на ткаенина за да ги исткаат влакната во материјал сличен на вообичаените навои што може да се сошијат во спортска облека. Добиената „паметна“ маичка има меки и носиви сензори за неинвазивно и континуирано следење на срцето.

Loading...