Премиерката на Нов Зеланд, Jacасинда Ардерн, изјави денеска дека рестриктивните мерки низ целата земја ќе бидат укинати, откако почна да ослабнува бранот предизвикан од делта сојот на корона вирусот, но тоа нема да го покрие градот Окленд.
Нов Зеланд беше речиси без присуство на вирусот за време на поголемиот дел од пандемијата, не сметајќи го помалото жариште во февруари, сз додека заразен патник не дојде од Австралија и предизвика нови инфекции, поради што Ардерн воведе национално заклучување минатата недела, објави Ројтерс.
Ардерн додаде дека рестриктивните мерки надвор од најголемиот град, Окленд, ќе бидат олеснети од среда, и тие ќе продолжат со стратегијата за елиминирање на вирусот од населението.
„Ние сме блиску до елиминирање на вирусот и не смееме да ја пропуштиме шансата. Ние напредуваме многу добро од ден на ден. Она што не сакам да го видиме е да одиме премногу брзо и да видиме зголемување на бројот на случаи”, рече Ардерн.
Околу 1,7 милиони луѓе во пошироката област Окленд, епицентарот на жариштето, ќе останат на анти-ковид ниво 4 најрано до 14 септември.
Денес се регистрирани 20 нови случаи, наспроти 85 на 29 август.
Во Нов Зеланд, каде што живеат 5,1 милиони луѓе, околу 30 проценти од населението е вакцинирано.

