Сопственичката на мачка по име Мило и уште две црно -бели мачиња сними како изгледа подготвување вечера за нејзините миленици.
Имено, таа треба да подготви одделни оброци за своите мачки додека миленичињата со нетрпение чекаат да добијат чинија полна со вкусна храна.
“Кој ја разбира оваа мака? Мило добива два додатоци во храната, а мачињата добиваат различна храна од Мило. Беше полесно кога мачињата не можеа да се качуваат на шанкот. И да, би било полесно да ги ставите во друга просторија за време на подготовката, но каде е забавата во тоа “, напишала сопственичката под снимката што ја објави.
„Ова е толку слатко“, „Јас целосно те разбирам“, „Ми се вртеше додека го гледав Мило“, „Премногу се слатки“, се само некои од коментарите.
View this post on Instagram