Засрамувачка ситуација ја снајде невестата од Северна Каролина која одлучи да му каже на младоженецот пред олтарот искуство со одењето во тоалет непосредно пред свадбата.
Додека тие тивко шепотеа пред олтарот, невестата немаше поим дека сите гости можат да слушнат за што зборуваат.
Младоженецот и рекол дека изгледа прекрасно, на што таа одговорила дека штотуку направила голем неред во тоалетот.
Урнебесното видео на Твитер го сподели младоженецот Лук Логан откако американскиот комичар Џими Фалон повика да се споделат смешни и интересни свадбени приказни.
„Полесно е да се уверите сами“, напиша Лук заедно со снимката направена во 2012 година на неговата свадба.
Откако му рекла дека доживеала големо олеснување во тоалетот пред да дојде до олтарот, младоженецот ја прашал низ смеа: „Што ти е?“
Потоа и открил дека носи микрофон. – Зошто носиш микрофон? – праша невестата неколку пати, а тој и рече: – Да се снимат вакви моменти.
Но, тој подоцна и призна дека камерманот му го ставил поради свадбеното видео.
Иако не беше момент кој невестата сакаше да го памети засекогаш, сепак сега стана хит и на Интернет.