Во Јапан направен е јавен тоалет кој работи на гласовни команди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Многу големи градови немаат јавни тоалети, па дури и кога имаат, хигиената не е секогаш на задоволително ниво. Ова е особено точно за градовите како Скопје, каде што не се земени предвид ниту најосновните потреби на граѓаните. Во светот се реализираат нови идеи, а некои од нив се однесуваат токму на овој проблем.

Loading...

„Здраво тоалет“ е јавен тоалет што се активира со помош на гласовни команди, благодарение на што корисниците не мора да допираат брави, славини и други елементи. Оваа обнова може да ги реши дебатите во кои се дебатира за тоа дали треба да се мијат рацете пред и после користење на тоалетот.

Новиот тоалет со „гласовна“ контрола е дизајниран од Казо Сато од јапонската агенција TBWA / Hakuhodo. Секој од тоалетите е висок четири метри, што овозможува подобра циркулација на воздухот, а има и саундтрак што им дава чувство на приватност на корисниците.