Како полесно да научите странски јазик, а притоа воопшто да не се помачите

Сподели со своите пријатели

Ако не сте од оние кои лесно учат странски јазици, ќе бидете задоволни од истражувањето на научниците од универзитетите во Цирих и Фрајбург. Тие тврдат дека слушањето странски јазик за време на спиењето може да ви помогне да го научите.

Loading...

Во студија објавена во Crebral Cortex Oxford Journal, 60 лица на кои германскиот им бил мајчин јазик научиле неколку зборови на холандски јазик.

Авторите тогаш тивко пуштиле снимка од овие зборови на холандски јазик, при што половина од учесниците во студијата биле будни, а половина во сон. Неколку часа подоцна, двете групи го полагале тестот, а групата што ја слушала снимката во сонот била многу поуспешна.

 

 

Резултатите доведуваат до заклучок дека слушањето странски зборови во сон всушност го олеснува учењето. Сепак, авторот на студијата Бјорн Раш предупредува дека тоа не е доволно за да се научи странски јазик.

– Можете само успешно да ги активирате зборовите што сте ги научиле пред да легнете. Слушањето непознати зборови во сон нема ефект – објаснува тој.

Loading...

Научниците открија дека повеќето учења се во првата половина на ноќта, во фаза на длабоко спиење без соништа, т.н. NREM фаза. Ова значи дека ако легнете во 11 часот навечер, ќе постигнете најдобри резултати ако слушате странски јазик од полноќ до два часот наутро.