Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави денеска дека нема да се кандидира за раководство на владејачката Либерално -демократска партија (ЛДП) на крајот на септември, со што ќе ја напушти премиерската функција по само една година.
Денес, Суга им рече на претставниците на владејачката партија дека нема да учествува во трката за лидерство на 29 септември, изјави за новинарите генералниот секретар на ЛДП, Тошихиро Никаи.
ЛДП има мнозинство во парламентот, што значи дека новиот премиер најверојатно ќе биде лицето што ќе биде избрано за лидер на партијата.
Суга рече дека сака да се фокусира на мерките за борба против пандемијата.
Тој наиде на критики и во исто време голем пад на поддршката поради бавното спроведување на мерките против корона вирусот и одржувањето на Олимпијадата во Токио, и покрај грижите за јавното здравје.
Овој потег на Суга во голема мера е политичка одлука, така што ЛДП може да има нов лидер пред општите избори подоцна оваа година.
Мандатот на долниот дом на парламентот завршува на крајот на октомври, а изборите за новиот парламент мора да се одржат до крајот на ноември.
Суга ја презеде функцијата премиер кон средината на септември минатата година, кога неговиот претходник Шинзо Абе поднесе оставка поради здравствени проблеми.
Син на одгледувач на јагоди од јужната јапонска префектура Акита, Суга имаше поддршка од дури 70 проценти на почетокот на својот мандат, бидејќи потекнува од „обична“ средина, а не од традиционало политички семејства како Абе.
Тој воведе серија прагматични мерки, вклучувајќи дигитална трансформација и административни реформи, но неговата јавна поддршка брзо опадна поради мерките околу вирусот што се сметаа за премногу бавни и недоволни за да се спречи ширењето на вирусот.
Во последните анкети, неговата поддршка падна на околу 26 проценти.
BREAKING: Broadcaster NHK says Yoshihide Suga won’t run for party leader, hinting he will resign as Japanese leader at the end of September. https://t.co/buy3Ui2fqt
— The Associated Press (@AP) September 3, 2021

