Северна Кореја не потврди ниту еден случај на Ковид, ги одби вакцините

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун повика на напори да се спречи поголема штета на економијата од природни катастрофи или пандемија од коронавирус, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Ким го објави ова за време на неговото претседателствување на состанокот на политбирото на владејачката Лабуристичка партија, на кој доминираа економски планови.

 

 

Севернокорејската економија во земјата беше погодена од меѓународни санкции, како и самонаметнати ограничувања за движење, со цел да се спречи појавата на ширење на коронавирусот.

Исто така, обилните сезонски дождови и тајфуни ја зголемија загриженоста за прекини во снабдувањето со храна, пишува Ројтерс.

Имено, според проценката на Агенцијата за храна на ОН (ФАО) објавена во јули, на Северна Кореја оваа година и се заканува недостиг од 860.000 тони храна.

 

 

Северна Кореја не потврди ниту еден случај на ковид

Ким ја нагласи потребата од преземање сеопфатни мерки за надминување на абнормалните климатски услови, опасност што се зголеми во последниве години, објави КЦНА.

Овие мерки, меѓу другото, ќе вклучуваат пошумување за контрола на ерозијата на почвата, како и одржување и изградба на насипи на реките.

 

 

Северна Кореја не потврди ниту еден случај на ковид-19, но ги затвори границите и воведе строги превентивни мерки, сметајќи дека пандемијата е прашање на национален опстанок.

„Сегашната опасна ситуација со глобална пандемија што излегува од контрола, бара построга превенција на епидемијата низ целата земја. Затегнувањето на превенцијата е задача од огромно значење, во која сегашната ситуација не смее да отстапи за момент”, рече Ким На

Според меѓународните претставници, Северна Кореја одбила испорака на кинеската вакцина Синовак, Биотех, како и вакцината АстраЗенека.