Кина, исто така, ќе продолжи и ќе ја зголеми хуманитарната помош, особено за лекување на Ковид-19 “.
Портпаролот на Талибанците во четвртокот рече дека Кина ветила дека ќе ја задржи својата амбасада во Авганистан и ќе ја зголеми помошта за земјата разорена од деценискиот конфликт.
Абдул Салам Ханафи, член на политичкото биро на исламистичката група во Доха, „имаше разговор со Ву Џиангха, заменик -министер за надворешни работи на Народна Република Кина“, напиша портпаролот Сухаил Шахин на Твитер.
„Кинескиот заменик министер нѐ увери дека ќе ја задржи својата амбасада во Кабул, додавајќи дека нашите односи ќе растат… Кина, исто така, ќе продолжи и ќе ја зголеми хуманитарната помош, особено за лекување на Ковид-19“, додаде тој.

