Од 1 март, здравствените и владините институции во САД фрлиле најмалку 15 милиони дози вакцини против коронавирус. Тоа е многу поголем број отколку што се очекуваше, а сепак се верува дека е потценет.
Националните аптеки што ги дистрибуираат вакцините на таа федерална држава фрлените дози ги пријавиле до Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) и Главната американска агенција за јавно здравје.
Причините за фрлање на дозите се различни, највообичаен проблем е рокот на траење, грешки при разредување, проблеми со одржување на дозите на ниска студена температура, оштетување на шишињата и слично.
Причината за големата количина фрлени вакцини е тоа што има неколку дози во едно шише, а шишето мора да се искористи неколку часа по отворањето.
Многу добавувачи пријавиле илјадници дози фрлени одеднаш, но најчесто само четири дози биле фрлени одеднаш, пишува Ен – Би – Си.
Износот од 15 милиони дози е само мал дел од она што е дистрибуирано во САД од декември, а тоа се речиси 444 милиони дози, од кои 371 милиони се потрошени.

