Таткото на тинејџерка откри на Редит зошто ја натерал својата 16-годишна ќерка да ја избричи главата.
Имено, тој објасни дека неговата поранешна сопруга била многу вознемирена поради таа постапка, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна, пишува Index.hr.
– Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имав старателство над неа бидејќи мојата сопруга има ново семејство. Го споменувам ова затоа што не се консултирав со сопругата пред мојата постапка и таа сега ме осудува – ја започна објавата.
Ми се згади од нејзиниот став
– Мојата ќерка неодамна се потсмеваше со ученичка која ја загубила косата поради лекување на рак. Таа дури ѝ ја извадила перика. Наводно, ова е претходна расправија меѓу нив двете, што не е изговор за однесувањето на мојата ќерка. Не ја воспитував ќерка ми да се однесува кон луѓето онака како што таа постапуваше и бев згрозен од нејзиниот став – продолжи тој.
– За да бидат работите уште полоши, мојата ќерка не се покаја за тоа што го направи и рече дека девојката го заслужува тоа…
Така, на ќерка ми ѝ дадов две опции за казна: одземање на целата електроника, вклучително и мобилен телефон што никогаш повеќе нема да и го купам, или одење на фризер и бричење на главата“, рече тој.
Тинејџерката ја избрала втората опција, а нејзиниот татко се прашува дали бил во право.
Повеќето корисници на Reddit не се согласија со него.
„Не е добро родителство и тоа е сигурно“, „Ќерка ти е насилник затоа што и ти си насилник“.
Еден корисник на популарната мрежа даде идеја како татко може да ја казни ќерката со многу помало понижување.
– Зошто не ја натеравте да волонтира во одделот за рак, особено детското одделение. Тоа сигурно ќе и помогне да има повеќе сочувство, напиша тој.