Сензор Тауер, компанијата која ја следи популарноста на апликациите, објави дека Телеграм се приклучи на елитниот клуб на апликации што се преземени повеќе од милијарда пати.
Оваа популарност на Телеграм може да се припише првенствено на (неразумната) одлука да му се дозволи на Фејсбук пристап до личните информации на корисниците на WhatsApp, што ги натера многумина да бараат алтернатива.
И како една од најсигурните апликации од тој тип, Телеграм профитираше најмногу.
Имаше 214,7 милиони преземања само во првите шест месеци од оваа година. Тоа е 61 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година (133 милиони преземања).
Оваа апликација е најзастапена во Индија со околу 22 проценти од вкупниот број инсталации, во Русија 10 проценти, а во Индонезија 8 проценти.
Сепак, треба да се нагласи дека, иако има повеќе од милијарда преземања, само околу половина од корисниците на Телеграм се активни.
Следната голема цел за компанијата е да достигне три милијарди преземања, но тоа е многу тешка задача, која само TikTok успеа да ја постигне од апликации кои не се на Facebook.