Корисник на Јутјуб и љубител на дронови случајно снимил сочна сцена со својот дрон, наместо прекрасниот пејзаж на рускиот град Торжок, на околу 200 километри оддалеченост од Москва – на црковната кула во рамките на манастирот Борисоглебски.
Сфатил само што уловила камерата кога се вратил дома и ја прегледал снимката.
– Сакав да доловам прекрасен пејзаж, а потоа се вратив дома и открив … – напиша Григориј Злих во коментарот под видеото.
Поглаварот на манастирот, Арсениј, за руските медиуми изјави дека овој чин е достоен за осуда:
– Тоа е навреда за ова светилиште! Како да нема друго место за тоа. Ќе го контактирам владиката за тоа прашање и ако тој одобри, ќе ги пријавам во полиција – се закани.
Манастирот Борисоглебски е основан во 1038 година, а црквената кула била изградена многу подоцна, во 1804 година. За време на советското владеење, манастирот служел како затвор со високи стража 50 години, а потоа бил претворен во институција за лекување на алкохоличари. Руската православна црква го вратила манастирот во сопственост во 1993 година и оттогаш полека го обновува.